Одлична вест за вљубениците на автомобилите од 90-те години, особено оние во Opel.
Најпознатиот трговец на стари, класични автомобили Oldtimer Galerie Toffen од Швајцарија на својот интернет сајт објави Opel Lotus Omega од 1992 година со поминати само 21.042 км.
Под хаубата располага со 3.6 литарски шест цилиндрен битурбо мотор кој доаѓа со мануелен менувач. Максималната моќност која може да ја продуцира изнесува 361 КС. Сето ова го прави најбрзата и најсилната лимузина произведена под знакот на Opel, а воедно и една од најбрзите во светот во својот сегмент.

Клима уредот, кожните седишта, електрично поддесивите прозорци се само дел од опремата на овој автомобил. Внатрешноста е сочувана на задоволително ниво, а целиот автомобил располага со оригиналните, фабрички делови. Продавачот дури ги има сочувано и оригиналните фабрички документи вклучувајќи ја гаранцијата, сервисната книшка, упатството и проспектот.

Почетната цена на овој автомобил изнесува 75 илјади швајцарски франци што претворено во евра изнесува 67.433.

Оригиналниот назив на овој модел е Lotus Carlton, а во периодот од 1990-92 се произведуваше и продаваше и под брендот на Vauxhall и Opel. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.730 мм додека вкупната тежина 1.655 килограми. Во тој период продажната цена изнесувала 48 илјади фунти.