Доколку патувате до Словенија или ги користите патишата на ова земја како транзит, треба да знаете дека од 1. јуни годинава важат повеќе нови прописи за возила над 7.5 тони.
Така на патните правци Јелшане – Постојна и Старод – Козина воведена е забрана за товарни возила над 7.5 тони. Ова ограничување не се однесува на теретни возила кои имаат утовар или истовар на подрачјата на истарската, приморско-горанската и личко-сењската жупанија во Хрватска.
Исто така ова ограничување не ги опфаќа теретните возила кои имаат утовар и истовар во Словенија и Хрватска како и возилата над 7.5 тони кои се движат локално.
Возилата со над 7.5 тони како алтернатива ќе може да се движат по патните правци А1 и А2 односно Козина – Љубљана – Обрежје – Брегана и обратно.
Другата забрана се однесува на патниот правец Дубрава-Заврч и Трновец – Средиште на Сава. Ова ограничување не важи за товарни возила кои имаат утовар или истовар на подрачјето на Вараждинската и Межумурската жупанија во Хрватска, за товарни возила кои имаат утовар или истовар во Словенија и Хрватска како и за товарни возила над наведената маса кои се движат локално.
Со новата одлука забрането е и движењето на возила над 7.5 тони и кон граничните премини Лупињак/Добовец и Развор/Бистрица на Сотли.