По повод 20 годишнината од првото воведување во понудата, Yamaha претстави специјално, роденденско издание на моделот R6.
Овој специјален роденденски модел не дојде со многу измени, особено естетски. Задржани се истите перформанси од моделот претставен 2017 година. Тоа значи дека овој мотоцикл продуцира 117 КС при 13.000 обртаи во минута. Иста останува и тежината од 190 кг како и потрошувачката од 7 литри на 100 км.
Мотоциклот R6 или како што е целосниот назив YZF-R6 за прв пат беше претставен во 1999 година кога дојде како супер спортска верзија на моделот R1, а како конкурент на Honda CBR600F. Досега се претставени девет изведби, а последната датира од 2017 година.