Од вчера (1 јули) започна да важи летниот режим на сообраќај низ патишта во Македонија кој вклучува неколку забрани и пренасочувања.
Така до 31 август годинава на сите државни патишта се забранува движење на товарни возила со маса над 15 тони. Оваа забрана важи за викенди и за денови кога има екстремно високи температура односно црвена фаза.
Забраните започнуваат во петок во 17:00 часот и важат до 22:00 часот истиот ден. Во сабота започнуваат во 09:00 часот наутро и важат се до 18:00 часот додека пак во недела забраната важи од 09:00 до 22:00 часот.
Во истиот овој период целосна забрана за тешки товарна маса над 7.5 тони за време на викендите има и на патниот правец Скопје – Охрид – Скопје, и тоа во петок во периодот од 15:00 до 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 – 00:00 часот и недела во периодот од 07:00 до 22:00 часот.
Горенаведените забрани не ги опфаќа возилата кои пренесуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.