Градот Скопје денеска информираше дека започна со реконструкција на коловозот на улицата Февруарски поход во скопската општина Аеродром.
“Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на главните сообраќајници насекаде низ нашиот град. Денеска ја почнавме реконструкцијата на оваа фреквентна и оштетена улица Февруарски поход во населбата Ново Лисиче. Реконструкцијата на коловозот ќе се изведува во должина од 720 метри, а предвидено е да се заврши, како што стана традиција, за рeкордно кратко време, во рок од 20 дена” изјави Петре Шилегов.
Градот Скопје воедно упати и апел до жителите на градот Скопје за поголемо разбирање додека траат градежните активности.
Вчера започна и реконструкцијата на улицата Лазар Трповски во Општина Чаир.