Хрватскиот портал за автомобилизам AutoPortal објави статија во која се разработува прашањето дали се исплати да се купи половен автомобил Alfa Romeo 159 JTDm од 2007 година.

Денес за разлика од минатото моделот 159 е релативно евтин и со далеку попристапна цена во споредба со германските конкуренти. Овој модело во 2005 година ја замени популарната 156-ка, а веднаш по ланисрањето собра бројни меѓународни награди од сферата на автомобилизмот и дизајнот.

Сепак во 2011 година, само шест години по лансирањето овој автомобил е повлечен од понудата, а главната замерка е тежината. Авторот наведува дека овој автомобил е солиден, но со подпросечна доверливост.

Верзијата со 1.9 литарски дизелски мотор е робусна и квалитетна изведба, направена во соработка со VM Motori, компанија која е позната по своите издржливи дизелски агрегати. Споредбено со онаа 16 вентилска верзија со 150 КС, далеку подобра е онаа со осум вентилски мотор со 120 КС.

Во текстот се наведува дека ова е посебно важно бидејќи кај 12 годишните модели треба да се смета на околу 300 илјади поминати километри, а степенот на истрошеност може да се детектира со мерење на компресијата. Најголем проблем кај овие модели се турбополначите кои по непишано правило се последица на штедењето на улјето и форсирањето на нагло гасење.

Ние тука би го навеле и вонвременскиот дизајн на овој автомобил кој и по 12 години може слободно да се носи со денешните модели и би се сложиле дека доколку е во добра состојба купувањето на овој автомобил е и повеќе од одлична зделка.

ИЗВОР: autoportal.hr