Мануелните менвуачи во автомобилите претставуваат доста “нежен” систем во автомобилите. Тие знаат да бидат често на удар на возачите поради правењето на пет основни грешки, а при тоа, фиксирањето на проблемот може да чини многу.

Најголема грешка која можеби ја правиме сите е одморањето на раката на менувачот. Сето ова предизивкува притисок врз менувачот што може да влијае врз неговиот животен век.

Негативно влијание има и доколку при чекање во градските гужви држиме на папучата за кумлуг и ножната кочница.

Истоврмено подолго задржување на кумплугот и ножната кочница додека автомобилот се наоѓа на угорнина. При тоа ова има особено негативно влијание доколку истовремено автомобилот се наоѓа во брзина.

Други две чести грешки што секојдневно ги правиме е менувањето брзини т.е. брзиот пренос при наглото забрзување како и одморањето на левата нога на кумплугот.