Авионска несреќа со среќен крај се случи на аеродромот во Перт откако авион на авио компанијата Cobham Aviation удри во терминал на аеродромот во Перт.

Медиумите во Австралија веднаш по настанот објавија дека до несреќата дошло откако откажале кочниците на авионот, но засег нема официјална потврда за овие пишувања.

“Службите за итни ситуации веднаш се упатија на местото, а при тоа нема повредени патници ниту членови на екипажот” стои во соопштението објавено од прес службите на аеродромот.