More
    HomeВестиВидео од 23-от Светски собир на Спачеци во Самобор

    Видео од 23-от Светски собир на Спачеци во Самобор

    Во вторникот во Самобор близу Загреб започна 23-от Светски собир на Спачеци кој се одржува уште од 1975 година.

    Околу 4 илјади Спачек автомобили од повеќе од 50 земји, меѓу кои од Мароко, Португалија, Норвешка, Данска, Шпанија, Брегот на Слоновата Коска, Австралија и секако Македонија го окупираа Самобор.

    Поради масовноста на собирот на кои присуствуваат и над 15 илјади лица, овој град овие денови го носи и епитетот Спачек Град.

    Во првите два денови се одржаа бројни целодневни настани во рамките на кампот. Уште во вторникот беше отворен музејот со поставка “100 години Citroen”, а за атмосферата се погрижија и бројните рокенрол бендови. Со оглед што ова е настан каде присуствуваат и цели семејства, за најмладите е организирана и посебна програма.

    Како излгедаа првите два дена можете да погледнете во краткото видео во продолжение.

    За потсетување, првиот собир од овој тип прв пат е одржан во Финска во 1975 година, а оттогаш во континуитет на секој две години се одржува во различни земји-домаќини кои се избираат со гласање. Претходниот собир, во 2017 година се одржа во Португалија во близина на главниот град Лисабон. Хрватска, кандидатурата ја доби откако на овој настан со 53 гласови ја победи кандидатурата на Италија која освои само три гласа.

    [ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: Македонските Спачеци пристигнаа во Хрватска (ФОТО)]


    Читај повеќе