Доколку патувате во странство, а при тоа не управувате со сопствено возило тогаш потребно ви е полномоштво.
Доколку патувате како физичко лице потребни документи со кои се аплицира за полномоштвото во некои од станиците за технички прегледи се:
- сообраќајна дозвола од возилото и лично присуство на сопственикот
- документ за идентификација (лична карта и пасош)
Доколку користите службено возило тогаш документацијата е пообемна па така потребни документи се:
- барање за издавање на одобрение за управување со туѓо моторно возило
- сообраќајна дозвола од возилото
- лично присуство на корисникот на возилото со пасош
Важноста на полномоштвото е една година.