Богата програма во третиот и четвртиот ден од 23. Светски собир на Спачеци кои до утре, 04 август се одржува во Самобор, близу Загреб.
Ниту обилниот дожд не го расипа доброто расположение, па некои од учесниците најдоа забавен начин како да ги искористат неколкуте вирови во кампот.
Fuck the rain!
Posted by Aleš Krajnčan on Петок, 02 август 2019
Преку денот групно се пееја добро познати музички хитови што правеше одлично расположение кај учесниците на собирот.
Креативноста ја имаше во големи дози…
А за ладното хрватско пиво имаше одлично мезе.
Големо внимание предизвика и изложбата на Спачеци на централниот плоштад во Загреб. Шаренилото привлече илјадници жители на главниот град на Хрватска кои не ги криеја воздишките.
Одлично поминаа и трките, натпреварувањата за возачки вештини, изложбите и вечерните забави.
Сепак невремето кое ја зафати Хрватска предизвика голем хаос и во Самобор. На кампот каде што се одржува собирот при удар на гром повредени се три лица. Денес, организаторот соопшти дека сите лица се во стабилна состојба.