Во Македонија имањето сообраќајна култура може повеќе да ви наштети отколку да ви помгне. Тоа најдобро го знае 56 годишниот возач на ЈСП В.С. кој добил ќутек.

Имено во неделата, овој возач управувајќи службено возило – автобус додека се движел на редовна линија кон Долна Матка во селото Глумово скршил ретровизор на паркиран автомобил. Потоа тој продолжил кон крајната дестинација, а на враќање кога стигнал кај возилото таму бил сопственикот Б.С. од Глумово.

Возачот на автобусот В.С. застанал за да му каже дека тој го скршил ретровизорот по што Б.С. физички го нападнал.

Можеби подобро за Б.С. беше возачот воопшто да не застане, па нека се чуди кој му го скршил ретровизорот и нека прави европски со “воздухот”. Вака не само што остана без ретровизор туку доби и кривична.

А за возачот, голема поддршка, така треба, тој го направи она вистинското иако добрата сообраќајна култура, етиката и моралот овој пат му предизвика поголема штета.