Организациониот одбор на FIA и претставници на патеката Ерманос Родригез потпишаа договор според кој трката за големата награда на Мексико останува на календарот заклучно 2022 година.

Патеката во Мексико на календарот на Формула 1 се врати во 2015 година и оттогаш па се до денес, веќе пет сезони е дел од ова натпреварување.

Сепак првичниот договор предвидуваше на оваа патека да се вози уште следната година, а поради тешката финансиска состојба беше се поверојатно Мексико да остане без трка во најинтересното авто-мото натпреварување.

Ова година, трката за големата награда за Мексико се вози на 27 октомври, а првата позиција ќе ја брани Ферстапен кој минатиот октомври заврши на првата позиција.