Возењето по германските автопатишта може да биде многу возбудливо, особео на оние делници каде нема ограничување на брзината. Истовремено, возењето може и многу скапо да ве чини доколку не ги почитувате законите и правилата кои важат на овие патишта.

За таа цел, во продолжение прикажуваме неколку важни правила, прописи и совети за возење на германските автопатишта.

1. Не претекнувајте од десно

Првата работа која мора да ја знаете е дека никогаш не треба да претекнувате од десната страна. Тоа е илегално и следува казна. Сепак дозволено е во исклучителни случаи (пример сообраќајка на левата лента).

2. Гледајте почесто на ретровизор, користи трепкачи

Ова особено важи на делниците без ограничување на брзината. При промена на лента проверете еднаш на левиот ретровизор, па потоа на внатрешниот и пред да се престроите повторно на левиот.

При тоа секогаш користете ги трепкачите. Со тоа им давате информација на останатите возачи, особено оние побрзите дека ќе ја промените лентата.

3. Држете растојание

Не сте во Македонија. Во Германија системот на казнување одлично функционира. Доколку не држите соодветно растојание тогаш можете да добиете казна од 75 до 400 евра.

4. Одмарајте на секои два часа

Доколку патувате на подолги релации одморот е задолжителен. Експертите препорачуваат на секои два часа возење да правите по минимум 15 минути пауза.

5. Rettungsgasse

Ова е правило за пропуштање на амбулантно возило, брза помош или друго возило со вклучена соодветна сигнализција.

На графичкиот приказ во продолжение е прикажано како изгледа ова правило. Возилата од крајната лева лента се движат по левиот раб од коловозната лента додека оние од средната лента одат на десната страна. Возачите на третата крајна десна лента се придвижуваат кон крајниот десен раб од коловозната лента.

6. Ausfahrt!

Треба да го запомните овој збор. Тој означува “излез”. Ќе го сретнете на паркинзи, тунели и секако на автопатишта со што се означува излегувањето од автопат.

7. Знаци

Овие знаци треба да добро да ги запаметите.

ВАЖНИ ЗНАЦИ НА ГЕРМАНСКИТЕ АВТОПАТИШТА
Autobahn sign 1Ограничување на
брзината
Autobahn sign 2Крај на
ограничувањето
Autobahn sign 3Препорачана брзина
Autobahn Sign 4Без ограничување
на брзината
Autobahn sign 5Забрането
претекнување
Autobahn sign 6Крај на забраната за
претекнување

 

8. Точење гориво

Плаќањето на точеното гориво се прави во самите станици. За таа цел секогаш, ама баш секогаш заклучувајте го возилото пред да се упатите за плаќање.

9. Броеви за помош

Ако ви треба брза помош или пожарна тогаш само свртете 112. На овој број, но и на 110 можете да добиете и полиција. Дополнителни броеви на кои можете да добиете помош се:

116 117 – можете да добиете медицинска помош за неитни ситуации
116 116 – помош за платежни картички
0800 190 9999 – воена полиција
0800 6 888 000 – федерална полиција

10. БОНУС

Ако сакате да го испробате вашиот автомобил и адреналин тогаш потребно е да знаете дека на автопатот А24 од Берлин до Хамбург во должина од 237 километри можете да возете без ограничување на брзината.

Ова е најдолгата делница во Германија каде нема ораничување на брзината.