Во јули годинава заврши изградбата на Меѓународниот аеродром Даксинг, најголемиот аеродром во светот лоциран во близина на Кина, а како што беше и тогаш најавено овој аеродром е конечно пуштен во комерцијално работење.

Аеродромот е распостранет на 1.4 милиони метри квадратни што претставува површина поголема од 25 фудбалски терени. За негова изградба досега се потрошени над 60 милијарди евра.

Амбициите на владата на Кина се тој да прерасне во најфреквентен аеродром во светот и тоа да го реализира веќе следната година. “Со одалеченост од само 46 километри од Пекинг, овој аеродром има за цел да прерасне во главниот аеродром во регионот” стои во соопштението на аеродромската управа.

Заклучно 2025 година планирано е годишно низ овој аеродром да поминуваат 72 милиони патници и 620 илјади летови додека 15 години подоцна е планирано и зголемување на капацитетот се со цел да опслужи 100 милиони патници и 880 илјади летови.