More
    HomeМоториМото новитетиHonda ќе го оживува легендарниот C-90

    Honda ќе го оживува легендарниот C-90

    Honda ја потврди информацијата дека на претстојниот саем за автомобили и мотоцикли во Токио премиерно ќе го претстави мотоциклот CT125 кој всушност е реинкарнација на легендарниот C-90 од 60-те години на минатиот век.

    Ретро дизајнот кој е инспириран од C-90 доаѓа со современа технологија и неколку современи дизајнерски елементи.

    Продукцискиот модел ќе дојде со 125 cc додека на одредени пазарни региони ќе биде понуден и со 110 cc и 150 cc.

    Во производство ќе се појави во првиот квартал следната година кога ќе биде дистрибуиран и во повеќе земји ширум светот.

    Повеќе детали ќе бидат познати на саемот во Токио следниот месец.


    Читај повеќе