Министерството за внатрешни работи имаше полни раце работа претстојниот викенд издавајќи над 150 казни.

Како што стои во соопштението на МВР, во саботата и неделата во периодот од 22 часот до 04 часот наутро, на територијата на град Скопје, службеници на МВР во акциска контрола санкционирале 100 возачи кои возеле под дејство на алкохол.

При тоа санкционирани се и над 50 возачи за останати прекршоци за што се изречени соодветни санкции согласно законските прописи.