Регулаторната комисија за енергетика на денешната редовна седница донесе одлука за неменување на малопродажни цени на горивата Тоа значи дека цените кои важеа денеска односно целата измината недела ќе важат и следните седум дена.

Малопродажните цени се прикажани во продолжение:

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 67,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 69,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 61,50 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 50,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 35,407 (денари/килограм)

Следното менување на малопродажните цени се очекува да се случи веќе следниот понеделник.