Големо е задоволството кога некој ќе го награди трудот и ентузијазмот вложен во autoklub.mk, како интернет страна чија цел е информирање на читателите за актуелните случувања во светот на автомобилизмот, но и запознавање со повеќе и помалку познатите историски факти од авто индустријата.

Токму таква награда дојде од Вас, читателите како и стручното жири на наградата “Сајт на годината”.

Земајќи ги во предвид содржините, како и функционалноста, дизајнот, интерактивноста, иновативноста, креативноста, но и техничките параметри, Вие, читателите, како и жирито одлучи втората наградата за “Сајт на годината” за 2019 година во категоријата на автомобилизам да припадне токму на AutoKlub.mk.

Во името на целата екипа на AutoKlub.mk сме благодарни за ова признание, и истото несомнено e голем мотив за следната година.

Екипата на AutoKlub.mk испраќа честитки и до сите останати добитници на наградите.