Стручното жири составено од претставници од 31 земјаа од Европа по 17-ти пат ја доделија наградата Autobest. Овогодинешната награда припадна на новата генерација на Opel Corsa.

Opel Corsa оваа награда ја доби со 17.617 гласови победувајќи го Peugeot 208 кој заврши на втората позиција со 17.460 гласови. Во потесниот избор се најдоа и Nissan Juke, Renault Clio и Skoda Kamiq.

Покрај наградата Autobest, оваа организација ја додели и наградата Ecobest, а добитник на истата е Volkswagen ID.3.

Оваа награда во континуитет се доделува од 2002 година, а како најнаградуван производител е италијанскиот Fiat со добиени три награди и тоа за моделите Panda, Linea и Tipo. Минатата година наградата ја доби Citroen Berlingo.