Euro NCAP заврши со краш тестовите за оваа календарската година. Вкупно беа спроведени 58 краш тестови, а автомобил со најдобри краш резултати е Tesla Model X.

Овој автомобил освои максимални пет ѕвезди на краш тестот, а импресивен скор забележа во однос на безбедносната асистенција на возачот и тоа од 94% што е апсолутен рекорд.

Одличен скор оствари и во останатите три параметри со што Tesla доакажа дека не само технолошки туку и во поглед на безбедноста на возачот, патниците и околината има високи амбиции.

Од друга страна, со само три ѕвезди, како најмалку безбедни автомобили од тестираните за 2019 година се најдоа Jeep Renegade, Skoda Citigo, Seat Mii, VW Up и Aiways U5.