More
    HomeСпортКлубMotoGPОбјавен целосниот календар за новата сезона од MotoGP

    Објавен целосниот календар за новата сезона од MotoGP

    Организацијата на најпопуларното натпреварување за мотоцикли, го потврди календарот за новата, претстојна сезона на MotoGP натпреварувањето.

    Шампионатот се отвора на 8 март кога се вози трката во Катар, а две недели подоцна и во Тајланд. Во април се закажани трките во САД и Аргентина, додека во мај се возат три трки и тоа во Шпанија, Франција и Италија.

    Каталонската трка е закажана за 7 јуни, а две недели подоцна и трката во Германија. На крајот на јуни закажана е трката за големата награда на Холандија.

    Во јули на програмата е само една трка, онаа во Финска, а по речиси едномесечна пауза, на 9 август се вози во Брно, Чешка. Во овој месец се возат уште и трките за големите награди на Австрија и Велика Британија. Една трка се вози и во септември и тоа во Сан Марино, додека од 4 октомври до 15 ноември закажани се трките во Арагон (Шпанија), Јапонија, Австралија, Малезија и Валенсија (Шпанија).


    Читај повеќе