Британскиот магазин WhatCar? направи рангирање на најекономичните бензинци. При рангирањето овој магазин појдува исклучиво од потрошувачката на 100 километри, оставајќи ги зад себе останатите возни перформанси како и еколошките норми.

Она што е впечатливо е дека најголем дел од автомобилите се опремени со 1,0 литарски бензински мотор, а коњажата се движи од 67 па се до 111 КС.

Во продолжение е целосниот ранг на најекономичниоте бензинци.

Dacia Sandero 0.9 TCe (90 KС) – 4,45 литри на 100 km
Seat Leon 1.0 TSI (95 KС) – 4,45 литри на 100 km
Kia Picanto 1.0 MPI (67 KС) – 4,41 литри на 100 km
Volkswagen Up 1.0 TSI (90 KС) – 4,38 литри на 100 km
Seat Ibiza 1.0 TSI (95 KС) – 4,35 литри на 100 km
Suzuki Baleno 1.0 Boosterjet (111 KС) – 4,26 литри на 100 km
Škoda Citigo 1.0 MPI (75 KС) – 4,26 литри на 100 km
Volkswagen Up 1.0 MPI (75 KС) – 4,21 литри на 100 km
Suzuki Celerio 1.0 (68 KС) – 4,07 литри на 100 km
Suzuki Ignis 1.2 SHVS (90 KС) – 3,95 литри на 100 km