Сериската верзија на Aprilia RS 660 својата светска премиера ќе ја има на настанот Aprilia All Stars кој во мај годинава ќе се одржи во Муѓело, објави производителот.

Овој модел за прв пат, како концепт, беше претставен во ноември минатата година во рамките на EICMA саемот. Тогаш немаше официјални информации дека ќе влезе во сериско производство за некоја недела подоцна италијанскиот производител да ги потврди производствените планови.

Значаен технички детал е паралелниот twin агрегат кој располага со 660 кубика. Тежината изнесува само 168 килограми, а односно помеѓу тежината и перформансите е повеќе од одличен. Според неофицијални податоци, почетната цена на овој мотоцикл ќе се движи од 11 до 12 илјади евра.