Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница донесе одлука за утврдување на малопродажните цени на горивата за наредните седум дена.

Според новата одлука од ноќеска на полноќ цените на горивата се намалуваат и тоа од половина до еден денар. Во продолжение се прикажани новите цени.

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 65,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 67,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 57,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 46,00 (денари/литар)

Следната корекција на цената ќе се изврши следниот понеделник.