Nissan времено ќе го намали производството на автомобили во фабриката во Кјуши, Јапонија поради коронавирусот.

Овој вирус кој се појави пред речиси два месеци предизвика големи проблеми во синџирот на набавка во автомобилската индустрија поради што бројни производители поради недостатокот на компоненти го намалија или во целост стопираа производството.

Токму од истата оваа причина и Nissan привремено ќе го стопира производството во фабриката каде се произведува моделот Rogue.

Ова стопирање на производството ќе го чини Nissan нешто над 3 илјади автомобили.