Општина Центар заедно со ЈП Паркинзи на Општина Центар и во соработка со Сообраќајната полиција минатата недела санкционираше 284 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 03 февруари па се до 09 февруари, ЈП ПОЦ отстрани 146 непрописно паркирани возила, од кои едно несовесно   паркирано   возило   на   паркинг   место   наменето   за   лица   со   посебни потреби. Со блокатор пак, беа блокирани 138 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

“За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот” стои во соопштението објавено на интернет страната на Општина Центар.