Една од најуспешната странска директна инвестиција, а воедно и компанија која оперира во Македонија, Ван Хоол Македонија ДООЕЛ Илинден, објави оглас за вработување на автомеханичари и автоелектричари.

Компанијата во огласот наведе дека нуди:

  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд
  • Можност за професионално усовршување, обука и напредок на работното место
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад
  • Обезбедена исхрана во современа кантина

Крајниот рок за аплицирање е 23.02.2020 година, а повеќе за огласите и начинот за аплицирање прочитајте ТУКА.