Лоциран во Модена музејот “Енцо Ферари” е еден од најпосетуваните автомобилски музеи во светот. Распостранет на 6 илјади метри квадратни овој музеј ја содржи целата историја на Ферари. Меѓу бројните поставки тука се наоѓаат првите модели на Ф1 болидите на Ферари, првите, но и актуелните модели на овој автомобилски бренд. Покрај автомобилите на Ферари тука може да се најдат и бројни модели на Алфа Ромео и Масерати, а прикажани се и неколку видео проекции посветени на животот на основачот на Ферари, Енцо Ферари.

Во продолжение можете да “прошетате” низ овој музеј, а веруваме дека на крајот не само што нема да останете рамнодушни туку и ќе ви дојде желба и за вистинска посета.