Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе одлука повторно да ги зголеми цените на горивата. Така од ноќеска на полноќ цените на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,56%.

Така од ноќеска на полноќ новите цени се:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 54,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 57,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 47,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 35,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 19,498 (денари/килограм)

Следната корекција на цените се очекува следниот понеделник.