Иако многумина сметаат дека кризата предизвикана од коронавирусот ќе има долгогодишни последици, министерот за индустрија и трговија на Русија, Денис Мнатуров објави стратешки план за автомобилската индустрија.

Според овој план, Русија планира во наредните 15 години односно до 2035 година речиси тројно да го зголеми производството на патнички автомобили.

Како што се наведува во делот посветен на „приоритетните правци на развој на автомобилската индустрија“ во РФ за 15 години ќе се произведуваат 4,22 милиони патнички автомобили годишно. Во текот на минатата година беа произведени 1,5 милиони.

Притоа планираното годишно производство на патнички и комерцијални автомобили ќе изнесува 370 илјади (во однос на 118,5 илјади во 2019 г.), на товарни 191,46 илјади (минатата година беше под 155,3 илјади), а на автобуси 31,66 илјади.

Се планира, исто така, замена на увозната опрема за автоиндустријата со домашна, со удел од 65 отсто до 2035 година. Минатата година тој удел изнесуваше 61,3 отсто.

Во меѓувреме, најголемите автомобилски фабрики во Русија го продолжуваат производството. Тоа се претпријатија клучни за животот на одделни градови, од кои зависи економијата не само на градот, туку и на регионот во целина.

Извор: Russia Beyond. Изворниот текст можете да го прочитате ТУКА.