Хидбридната изведба на Volkswagen Passat како и новата Skoda Superb не го положија тестот Teknikens Värld (Светот на технологијата).

На овој тест каде се докажуваат динамичните способности на возилата овие два модели на Volkswagen Групацијата не успеаа да ја поминат границата. Skoda Superb потфли при брзина од 65 км/ч што е под просекот на тестираните возила.

Возилото на чешкиот производител сруши една од вертикалните пречки со што според правилата падна на тестот.

Volkswagen Passat исто така не го помина тестот, но забележа подобар скор во однос на Skoda Superb. Возилото на германскиот прозиводител сруши една од пречките при брзина од 72 км/ч.

Инаку Teknikens Värld е водечки магазин за автомобилизам во Шведска. Основан е уште во 1948 година и е дел од Bonnier Групацијата. Светската популарнст овој магазин ја доби токму по тестот “Еленски скок”.