Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на својата официјална интернет страница објави апел за подобрувње на културата и навиките во сообраќајот поточно за користење на појасот.

Оттаму наведуваат дека секаде каде што фабрички се вградени сигурносни појаси, возачите односно патниците имаат обврска за нивно користење. Не користењето на сигурносниот појас се санкционира со соодветна парична казна, но најголема казна за не користење на сигурносниот појас се последиците од сообраќајните незгоди.

“Кога станува збор за изговорите и оправдувањата РСБСП со објаснување и аргументи зошто тие се неоправдани:

  •  Појасот ме стега, не можам да го носам“ – изговор кој нема смисла. Новите превозни средства се толку модерни што појасите се навистина удобни и не приметливи. Ништо поразлична не е состојбата и кај постарите возила.
  • „ Имам воздушно перниче, не ми треба појас“ – вклучувањето на воздушните перничиња  најчесто зависи од тоа дали е ставен појасот.
  • „Во случај на сообраќајна незгода, доколку возилото го зафати пожар или падне во вода , подобро е да не користам појас“ – апсолутно неоправдан изговор затоа што ослободувањето од појасот се прави за помалку од една секунда.
  • „Во сообраќајна незгода, подобро е да излетам од возилото, отколку да останам внатре во возилото!“- овој изговор е исто така неоправдан затоа што најголем број на лица кој во сообраќајна незгода излетале од возилото завршиле со фатални последици.
  • „Во сообраќајна незгода, полесно ќе биде укажана помош и полесно ќе биде изваден повредениот доколку не користи појас“ – много полесно е да се укаже помош и да се транспортира повредено лице чие тело после незгодата останало во правилна седечка положба во возилото, отколку тело кое е „разлетано“ во возилото.
  • „Возам бавно и во населено место, не ми треба појас“ – ефектите од користење на појасот се најсилно изразени при брзини кои се достигнуваат во населено место.
  • „И да користам појас, нема ефект“- истражувањата покажуваат дека ризикот за фатална повреди кај возачите и патниците се намалува дури за 50% проценти доколку возачот односно патникот користи појас.”

ИЗВОР: РСБСП – целосниот текст можете да го прочитате ТУКА.