Чиј мотор може најдолго да издржи без капка моторно масло и антифриз? Екипата на британскиот магазин

CarWow направи експеримет за чија цел искористи три автомобили. Станува збор за постари модели на Ford Focus, Honda Civic и Peugeot 206 на кои во целост им беше испуштен антифризот и моторното масло.

По само 14 секунди прв се откажа Ford Focus кој не издржа многу без виталните течности во моторот. Францускиот претставник издржа само 47 секунди додека Honda Civic оствари одлично време од цели 6 минути и 22 секунди што е 19 пати повеќе од Ford Focus.

Како изгледаше сето тоа можете да погледнете на видеото во продолжение.

ИЗВОР: carwow