Не е тајна дека најголем дел од нас мажите не “фаќа” срце во два случаи: кога ќе не зафркне еден натпревар на спортска и кога ќе видиме поголем чад од издувниот систем на автомобилите.

Ова второто знае да биде доста сериозно особено доколку често се случува, но и во зависност од бојата на истиот. Бојата на чадот ни кажува всушност за каков проблем станува збор.

Во пракса се среќаваат три бои на чад: син, црн и бел.

Синкастиот чад ни покажува дека моторот во некој дел добива уље кое согорува. Ова е показател за низа можни проблеми, од вентилот кој попушта па се до оштетен цилиндар. Белиот чад, иако најчесто се случува поради кондензација во ладните утра, повторно знае да биде лош знак доколку причинител не е кондензацијата. Тоа нзачи дека некаде во моторот гори тешноста за разладување или некоја друга течност која служи за трансмисијата. Кај дизелашите, белиот чад може да индицира дека некаде поминува несогорено гориво.

Црниот чад најчесто е забележителен кај старите дизелски возила, особено кога нагло забрзуваат. Доколку се случува кај релативно понови дизелски автомобили тогаш овој чад покажува дека се вбризгува повеќе гориво отколку што истото може да се согори во дадено време. Слично е и кај автомобилите опремени со бензински мотор.

Секако, најдобро е при појава на било каков чад веднаш да посетиме серивс каде ќе ја добиеме точната дијагноза.