Колку може да биде опасно доколку при возење пукне гума на камион? На Твитер се појави видео токму од таков настан кој се случил на еден од булеварите во Онтарио, Канада.

На видеото може да се види како камион останува без едната гума, а како последица на овој настан управувањето и контролата врз камионот станува многу тешка при што тој преминува на спротивната лента.

Полицијата во Онтарио соопшти дека во оваа незгода нема повредени.