Кој автомобил може најмногу да издржи возејќи на резерва? Екипата на интернет сајтот “Compare The Market” дава одговор на ова прашање.

Автомобилите на BMW се најдоа во првите пет места. Во просек, кога горивото е на “резерва” овие автомобили може да поминат уште 87,3 км, а најдобра се покажа серија 5 со 110 км.

Автомобилите на Volkswagen во просек може да поминат 87,6 км кога е вклучена светилката на резерварот, а најмногу можете да поминете со моделот Passat и тоа неверојатни 120 км.

На третото место со 88,4 км во просек се најде премиум брендот на Toyota, Lexus. Најдобар модел на овој бренд е RX кој со гориво на резерва може да помине 88,4 км.

Идентично како и автомобилите на Lexus, и автомобилите на Ford може да поминат 88,4 км. Сепак моделот Mondeo со гориво на резерва може да помине 112 км.

Со гориво на резерва најмногу можете да поминете со возилата на Volvo и тоа во просек од 94,7 км. Со моделот V40 може да поминете 113 км.

Од друга страна, интернет сајтот ги рангираше моделите на Kia, Mitusbishi, Porsche, Fiat и Mini како брендови чиј автомобили најкратко може да возат кога е вклучена светилката за резерварот.