Секој понеделник регулаторната комисија за енергетика прави корекција на малопродажните цени на дериватите. Она што сите од нас знаат е дека најголемо влијание врз формирањето на цената има берзанската цена на нафтата на светските берзи. Но пресметката на малопродажните цени воопшто не е едноставна.

Начинот на пресметка на малопродажната цена на нафтените деривати и горивата за транспорт е дефинирана во правилникот за формирање на највисока малопродажна цена составен дел од соодветниот законски акт.

Пресметката се врши според однапред дефинирана, комплексна формула во која се земени во предвид повеќе параметри, а при тоа цените секогаш се искажуваат во денари/литар.