Невообичаен, привлечен и оригинален дизајн, такви епитети има знакот на Алфа Ромео најфамозниот италијански авто бренд покрај Ферари. Спортскиот карактер и префиентоста на оваа марка може да се огледа и во знакот. Креатор на ова ремек дело е италијанскиот калграф Романо Катанео кој првичната верзија на знакот на Алфа Ромео ја нацртал во 1910 година.

Кружна основа, поделена на два дела со средна вертикала. На десната страна змија која држи дете, а на левата страна крстот зашттник на позната италијанска фамилија Сфорца и заштитен знак на Милано. Тоа биле елементите на првиот знак на Алфа Ромео кој со одредени редизајни се задржа и денес.

Во 1918 година фабриката Алфа Ромео ја купува Нокола Ромео и токму тогаш се случува првата измена на знакот односно тогаш е додаден текстот “Алфа Ромео Милано” во сина позадина и очила на кралското семејство од Савоја. Следната промена се случува 1925 година кога Алфа Ромео го освојува светскиот шампионат и токму тогаш е додаден и ловоровиот венец.

Следните две промени се случуваат 1946 година и 1970 година. Во првиот случај повод бил програлсувањето на Италија за Република кога кралските очила се заменети со едноставни линии, а во вториот случај направен е мал редизајн по повод отворање на новата фабрика на Алфа во Наполи.

Последната ситна промена е направена минатата година од кога според Серџо Маркионе започнува нова ера на Алфа Ромео. Редизајнираната Џулијета и Мито како и новите Џулија и Стелвио ја имаа честа да го носат новиот знак на Алфа Ромео.

The Alfa Romeo badge and its symbolism | anapophist