Во 70тите години голема популарност имале италијанските автомобили пред се поради спортскиот дизајн. Во овој период германските автомобили не биле тоа што денес се, заостанувале зад италијанските, па во одредени аспекти и француските автомобили. Со цел да се фатат чекор со италијанските производители, германските, пред се BMW и Audi ги ангажирале италијанските дизајнери. Така благодарение на овие преземени чекори, BMW го ангажирал Џуџаро, а производот од овој проект бил BMW E26 M1 или скратено BMW M1.

M1 во производство влезе во 1978 година и се произведувал се до 1981 година. Во овој период биле произведени 453 автомобили и сите експресно продадени. Под хаубата на овој автомобил се наоѓа 3,5 литарскиот агрегат има капацитет да произведе неверојатни 850 КС.

По долги години во април 2008 година во чест на одбележувањето на 30 годишнината од појавата на M1 BMW го претстави концептот M1 Homage. Како и изворниот модел така и овој концепт бил целосно дизајниран од страна на Џорџо Џуџаро. Во себе, овој концепт ги содржел последните иновации на германскиот производител, но за жал овој концепт не се најде во сериско производство.

Во 2004 година Sports Car International го смести овој автомобил во топ 10те најспортски автомобили во 70тите години од минатиот век.

File:BMW M1 Hommage1.jpg

ФОТО: gq.com