More
    HomeЕкомобилностЕве каде во Македонија има полначи за електрични автомобили

    Еве каде во Македонија има полначи за електрични автомобили

    Македонија не е во земјите со развиена инфраструктура за електрични автомобили. Тоа е така и поради тоа што во Македонија нема многу електрични автомобили, односно според моменталната статистика има помалку од 10 електрични автомобили.

    На територијата на Скопје има вкупно 12 полначи, а во моментов се поставуваат шест.

    Ѓорче Петров, Влае, Лептокарија, Капиштец, Каминк, Градски Парк, Аеродром, Ново Лисиче, пред Бристол и дирекцијата на ЕВН. Тоа се локациите каде во моментов се поставени полначи во Скопје.

    Покрај овие во Скопје, полначи за електрични автомобили има и во 14 други градови: Кавадарци, Гевгелија, Куманово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Гостивар, Кичево, Велес, Охрид, Тетово, Охрид и Неготино.

    Во моментов, според сајтот за е-мобилност на ЕВН, се работи на полначи во Струга, Битола, Прилеп и Струмица.

    Целосната мапа на Google Maps можете да ја погледнете ТУКА.


    Читај повеќе