More
    HomeВестиДве нови патарини - од Скопје до Штип и назад за 320...

    Две нови патарини – од Скопје до Штип и назад за 320 денари

    Како да не беа доста патарини па сега ќе се воведат уште две нови.

    Станува збор за две нови патарини на автопатот Скопје – Штип. Првата ќе биде кај Преод на делницата Скопје – Свети Николе, а другата кај Кадрифаково, на делницата Свети Николе – Штип. Првата, според најавите, ќе чини 50 денари, а втората 70 денари.

    Ова практично ќе значи дека од Скопје до Штип и назад, ќе треба да се плати 320 денари, наместо досегашните 80 денари кои се плаќаа кај патарината кај Миладиновци.

    Изградбата на патарините стартува следниот месец, а не е прецизирано кога ќе бидат пуштени во употреба.


    Читај повеќе