More
    HomeВестиОсомничени четворица кои мамеле граѓани при купување на возила

    Осомничени четворица кои мамеле граѓани при купување на возила

    Одделението за криминалистички работи во Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје во соработка со Одделот за криминалистичка полиција до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Р.А.(27), поради постоење основи на сомневање дека сторил шест кривични дела „измама“, како и против М.А.(18), К.К.(29) и Н.А.(29), поради постоење основи на сомневање дека сториле по три кривични дела „измама“, казниви по чл.247 од Кривичниот законик, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 5.472.790 денари.

    Пријавените, кривичните дела ги извршиле на идентичен начин, и тоа откако претходно ќе забележале објавен оглас за продажба на поскапи моторни возила, се јавувале на објавениот телефонски број од огласот и во контакт со оштетените се договарале да се сретнат на претходно одреден нотар, поради купопродажба на возилото. По остварената средба кај нотарот, пријавените лица се договарале со оштетениот во договорот да се наведе сума на пари која нема да ја надмине законската регулатива за плаќање во готово, додека останатиот дел од сумата ќе бидат исплатени на рака. По потпишување на договорот, пријавените лица ги носеле оштетените на различни места со изговор дека ќе дојде трето лице кое ќе ги донесе останатите пари, но во даден момент, искористувајќи го невниманието на оштетените, им ги земале клучевите и заминувале со возилото кое било предмет на купопродажба.

    Во врска со овие случаи поднесена е и кривична пријава против други шест сторители за реализирани седум кривични дела „прикривање“ по чл. 261 и едно кривично дело „помагање“ по чл. 24 ст. 2 од КЗ на РСМ и тоа против А.Н. (44) од Арачиново, Р.С. (30) од Скопје, Н.И. (24) од Скопје, М.А. (23) од Скопје, Р.Ш. (28) од Скопје и Х.Ч. ((56) од Скопје. Во врска со случајот од страна на полициските службеници се одземени шест возила кои се предадени во Агенцијата за одземен имот до завршување на постапката.


    Читај повеќе