Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе одлука за поскапување на горивата откако истото се случи и минатата недела.

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,64%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 04.01.2021 година.

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 62,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 63,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 29,651 (денари/килограм)

Новите цени на сила стапуваат од ноќеска на полноќ, а следната корекција на цената се очекува следниот понеделник.