Министерството за Внатрешни работи објави фотографија од радарот направена при синоќешната контрола во Тетовско. При тоа утврдено е дека еден од автомобилите возел со брзина од 221 км/ч, што е многу над дозволената брзина.

Инаку акциската контрола била спроведена во периодот од 19 до 22 часот за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената. Санкционирани се 33 возачи, од кои 14 возеле со повеќе од 50 километри на час над дозволената брзина.

“Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредниот период и апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.” стои во соопштението на МВР.