More
    HomeВестиОпштина Карпош воведува зонско паркирање

    Општина Карпош воведува зонско паркирање

    На вчерашната седница на Советот на Општина Карпош се изгласа одлука за воведување на зонско паркирање кое ќе го организира и спроведува ЈП Градски Паркинг на територијата на Општина Карпош. Оваа предлог одлука беше поддржана од страна на советниците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ како и советничката Невена Георгиевска, додека пак советниците на Левица гласаа против.

    „Проблемот со недостатокот на паркинг места се решава со проширување на постоечките паркинг зони и поставување на монтажни паркиралишта, а не со воведување на зонско паркирање. Со зонското паркирање во никој случај нема да се креираат нови паркинг места.“ изјави советникот од редовите на Левица, Мартин Димоски кој гласаше против оваа одлука.

    Засега останува непознато кога ќе стартува зонското паркирање и кои точно населени места ќе бидат опфатени.


    Читај повеќе