More
    HomeВестиНад 200 санкционирани возачи во текот на вчерашниот ден

    Над 200 санкционирани возачи во текот на вчерашниот ден

    Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на вчерашниот ден се спроведени акции во Скопје, Битола и Тетово. При тоа санкционирани се над 200 возачи.

    На територија на град Скопје изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

    Во Битола, санкционирани се 30 возачи. Од нив, 17 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, пет возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

    Во Тетово, во текот на вчерашниот ден, поточно во периодот од 17:00 до 23:00 часот се санкционирани 50 возачи на мотоцикл. Од нив, 26 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

    „Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.“ стои во соопштението на МВР.


    Читај повеќе