More
    HomeГаражаОчекувано или не: Tonale со 5 ѕвезди најбезбеден модел на Alfa Romeo...

    Очекувано или не: Tonale со 5 ѕвезди најбезбеден модел на Alfa Romeo (ВИДЕО)

    Во низата краш тестови спроведени од страна на Euro NCAP место имаше и за моделот Tonale. Најновиот модел на италијанскиот производител Alfa Romeo освои максимални 5 од 5 ѕвездички остварувајќи повеќе од солидни перформанси во сите четири параметри.

    Не толку високи, како останатите директни конкуренти, во поглед на безбедноста на возрасните оствари скор од 83% додека во однос на безбедноста на децата 85% исто како и за безбедносната асистенција на возачот. Најнизок скор оствари во поглед на безбедноста за околината односно пешаците каде забележа само 67%.

    Со овие перформанси, Tonale е најбезбедниот автомобил на италијанскиот производител. За “малку“ побегна на Stelvio кој од 2017 година па наваму го имаше овој примат.

     


    Читај повеќе