More
    HomeВестиFerrari ги повлекува сите автомобили продадени во САД

    Ferrari ги повлекува сите автомобили продадени во САД

    Кој тоа кажа дека и производители како Ferrari не прават грешки при производството? До производителот од Маранело пристигнало барање за повлекување на речиси сите единици на Ferrari продадени во САД од 2005 година до тековната година.

    Причината за ова повлекување лежи во фабричка грешка на капачето на резервоарот за течноста на сопирачките кое не ја обавува првичната улога. При тоа, во наредниот период, на промена на ова капаче ќе бидат повикани 23.555 автомобили од овој бренд вклучувајќи ги моделите: 430, 612 Scaglietti, California, 612, FF, F12, F8 Spider, GTC4 Lusso и Roma.

    Ова воедно е и најголемото повлекување возила на италијанскиот производител, а колку ќе го чини буџетот на вој производител не е засега познато.


    Читај повеќе