Нема одмор за организацискиот одбор на најпопуларното авто-мото натпреварување – Формула 1. Иако се’ уште се сумираат впечатоците од минатогодишната сезона, подготовките за новата се под полна пареа.
Во новата сезона не очекуваат 23 возбудливи трки, а првата е закажана за 5 март кога на програмата е трката за големата награда на Бахреин. Фокусот на Арапскиот Полуостров ќе остане се’ до 19 март кога е закажана трката за големата награда на Саудиска Арабија. На овој полуостров до крајот на годината ќе се одржат уште две трки и тоа во Катар, закажана за 8 октомври и Абу Даби, закажана за 26 ноември, која впрочем е и последна на календарот.
И натаму најголем дел од трките ќе се одржат на Стариот Континент каде за новата сезона букирани се патеките во Азербејџан, Италија (Имола и Монца), Шпанија, Монако, Австрија, Велика Британија, Унгарија, Белгија и Холандија.
Во Јужна Америка ќе се вози само во Бразил, а во Северна Америка во Остин, Лас Вегас, Мексико Сити и Монреал. На календарот место има и за трките во Австралија, Јапонија и Индонезија.
Новата сезона започнува на 5 март, а завршува на 26 ноември.